Технохозе ќе гради три пати поголема фабрика во Бунарџик

Bez autora
Oct 06 2013

Италијанската компанија Технохозе ги проширува производствените капацитети во индустриската зона Бунарџик. Според најавата од Дирекцијата за странски инвестиции, во понеделник на 7 октомври ќе биде поставен камен-темелникот на вториот погон за производство како и магацински простор. Двата нови објекти ќе се простираат на вкупна површина од 11.000 квадратни метри, што означува драстично поголема инвестиција од постоечкиот капацитет. Од Дирекцијата за технолошко развојни индустриски зони информираат дека новиот погон според површина ќе биде четири пати поголем од постоечката фабрика, додека според обемот на производство - три пати поголем. Според проекциите на инвеститорот кога ќе биде изграден новиот погон во него е предвидено да бидат отворени нови 150 работни места, а извозот на компанијата од зоната ќе биде за три пати поголем од сегашниот.

Технохозе ќе гради три пати поголема фабрика во БунарџикИталијанската компанија Технохозе ги проширува производствените капацитети во индустриската зона Бунарџик.

Според најавата од Дирекцијата за странски инвестиции, во понеделник на 7 октомври ќе биде поставен камен-темелникот на вториот погон за производство како и магацински простор. Двата нови објекти ќе се простираат на вкупна површина од 11.000 квадратни метри, што означува драстично поголема инвестиција од постоечкиот капацитет. Од Дирекцијата за технолошко развојни индустриски зони информираат дека новиот погон според површина ќе биде четири пати поголем од постоечката фабрика, додека според обемот на производство - три пати поголем. Според проекциите на инвеститорот кога ќе биде изграден новиот погон во него е предвидено да бидат отворени нови 150 работни места, а извозот на компанијата од зоната ќе биде за три пати поголем од сегашниот.

Ова е трет странски инвеститор во Македонија кој кратко време откако започнал со работа во Македонија се одлучил за втора фаза од инвестицијата.

Според Дирекцијата за ТИРЗ, со новата инвестиција на Технохозе продолжува трендот на странските инвеститори за реинвестирање и проширување на производството во Македонија што е како резултат на одличната бизнис клима и услови кои им се нудат на инвеститорите во зоните. На поставувањето на камен темелникот на втората фабрика на Технохозе во Македонија ќе присуствува владина делегација предводена од премиерот Никола Груевски, како и менаџментот на италијанската компанија.

Компанијата Технохозе во Република Македонија е регистрирана под името Витек Македонија, е членка на италијанската групација Витило, а во ТИРЗ Скопје 1 во 2012 година купи постоечки објект кој комплетно го реновираше и го прилагоди на потребите на новото производство што практично претставуваше прва фаза од инвестиција. Во новата фабрика ќе се изработуваат метални приклучоци на црева. Витек Македонија моментално има годишен промет од 4 до 5 милиони евра, а нивните производи се наоѓаат на сите европски пазари. Во фабриката во моментов работат 32, луѓе, а до средина на наредната година се планира да вкупниот број на вработени во постоечкиот објект да достигне 150 вработени, односно заедно со новиот објект вкупно 170.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik